Грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили денеска поднесе оставка, поради несогласувања со лидерот на владејачката партија Грузиски сон, Бидзина Иванишвили, кој е поранешен премиер и најбогат човек во Грузија.
– Решив да се повлечам од местото премиер на Грузија – изјави Квирикашвили, кој ја извршуваше функцијата од 30 декември 2015 година.
Тој посочи дека причина за оставката се „некои несогласувања“ со Иванишвили.
– Мислам дека сега доаѓа моментот кога лидерот на партијата ќе има можност да состави нов кабинет – рече Квирикашвили.