Четири кинески провинции – Јунан, Гуангдонг, Шанси и Гуиџоу, го намалија нивото на итни мерки воведени поради коронавирусот, соопштија локалните здравствени власти.
Провинцијата Гансу прва ги намали мерките во петокот, а по неа и провинцијата Лиаонинг во саботата.
Јунан и Гуиџоу го намалиле нивото од еден на три, а Гуангдонг и Шанси го намалиле нивото на итни мерки на два.
Кина има четиристепен систем на одговор на јавниот здравствен систем на итни случаи кои одредуваат какви мерки ќе бидат спроведени, при што ниво еден е најсериозно.