Во неочекуван потег, италијанскиот премиер Џузепе Конте во саботата навечер ги откажа сите спортски натпреварувања во регионите Ломбардија и Венето поради коронавирусот, што значи дека денеска нема да се играат мечевите Интер-Сампдорија, Верона-Каљари и Аталанта-Сасуоло.
Претходно, сите 42 меча во аматерските и младинските лиги беа откажани, како и мечот од Серија Б меѓу Асколи и Кремонезе по драматичното ширење на вирусот. Во двата региони, исто така, ќе бидат затворени и училиштата и администрацијата.
Во Италија веќе починаа две лица од вирисуот и има 79 потврдени случаи – 47 во Ломбардија и 17 во Венето, со што оваа земја има најмногу потврдени случаи во цела Европа.