Две недели по несреќата во која животот го загуби Коби Брајант заедно со неговата ќерка и уште седум лица, истражителите ги утврдуваат причините за трагедијата. Според првичните информации, тие ја отфлиле можноста дека хеликоптерот се урнал поради проблеми со моторот. Вештачењето на остатоците од хеликоптерот не укажува на тоа дека тој се соочувал со технички проблеми.
Хеликоптерот се урна на 50-тина километри западно од Лос Анџелес.
Врз основа на официјалните белешки од полицијата, изјавите на сведоците и разговорот со контролата на летање изработена е видеореконструкција на падот на хеликоптерот.
Конечниот извештај на истражителите ќе биде достапен само за една година, а маглата се истражува како една од можните причини за падот на хеликоптерот. Инструмент-таблата е целосно уништена во хеликоптерска несреќа, соопштија истражителите.
Коби Брајант, неговата ќерка и уште седуммина други патуваа навтурнирот во кошаркарската академија „Мамба“ каде требаше да настапи неговата ќерка.