„Сан Квентин“ - Калифорнија

Најлошите криминалци се сместуваат во најлошите затвори. Наместо таму да ја добијат потребната ресоцијализација, тие тапкаат во место, па натрупуваат и уште некоја година казна, поради криминалните дела што ги извршуваат во затворите

Светот е опасно место за живеење. Само од еден поглед на печатените, електронските медиуми и вестите, лесно може да се заклучи дека е така. Вестите се полни со насилства направени од лоши луѓе, за кои лошите дела воопшто немаат никакво значење. Постојат криминалци што лежат многу години во затвор. Таму често се борат за превласт над другите. Тие ја издржуваат казната во најнасилните затвори во светот. Во продолжение ќе ги наброиме тие затвори.

„Сан Квентин“ – Калифорнија
Затворот „Сан Квентин“ е формиран во 1852 година и е најстариот затвор во државата Калифорнија. Иако има гасна комора, сите егзекуции се реализирани со смртоносна инјекција. Покрај тоа што има огромен број вработени стражари, насилството во овој затвор е секојдневен проблем. Познат по минималните услови за живот. Во 2006 година се случил поголем инцидент, кога двајца затвореници биле убиени. Една година претходно, во извештај, овој затвор бил опишан како опасно место за сместување затвореници.

„Банг Кванг“ – Тајланд


Овој затвор се наоѓа во Бангкок, Тајланд и е наречен Хилтон на Бангкок. И покрај симпатичниот прекар, сепак е последното место каде што човек би посакал да биде. Познат е по рутинската тортура што меѓусебно си ја вршат затворениците. Затворениците се сместувани во мали ќелии, а осудените на смртна казна за егзекуцијата добивале известување два часа пред да бидат насилно извлечени од затворот.

Градски затвор „Рикер“ – Њујорк


Затворот „Рикер“ лоциран во Њујорк, има долга историја на затвореничко насилство. Џон Рејес, кој работел како стражар во затворот во 1991 година, истакнал дека секојдневно бил преплашен за својот живот, откако постојано сведочел за разни убиства и тепачки меѓу затворениците. Поради долгогодишната историја на насилство во овој затвор, њујоршкото градско собрание донесе одлука истиот тој да биде затворен до 2026 година.

„Алкатраз“ – Калифорнија


Затворот „Алкатраз“, познат како карпа, затворен пред многу години, бил дом на едни од најопасните криминалци на светот. Лоциран е на остров, во заливот на Сан Франциско, Калифорнија. Еден од најпознатите криминалци што одлежувале казна тука е Ал Капоне меѓу народот познат и како Скарфејс. Затворот е познат по насилните обиди за бегство, а најпознат е обидот познат како „Битката во Алкатраз“ во мај 1946 година. „Алкатраз“ беше затворен на 21 март 1963 година, поради ниската репутација и големите трошоци за неговото одржување.

КПД „Флоренс“ – Колорадо


Лоциран во Колорадо, овој затвор е дизајниран за да ги прими најлошите криминалци, многумина од нив заедно сместени во осамени ќелии. Во 2012 година била поднесена тужба од неколкумина затвореници, поради тоа што како што било наведено во неа, затворот создавал окружување за меѓусебна злоупотреба и тортура меѓу затворениците.

„Ла Санте“ – Париз


Лоциран во Париз, затворот „Ла Санте“ е толку брутален што некои од затворениците, не можејќи да ги издржат тортурите, самите си го одземале животот додека ја одлежувале казната. Во 1999 година, се самоубиле 124 затвореници. Насилството во овој затвор е толку многу често, што затворениците се надвор од своите ќелии само четири часа во текот на денот. Самиот затворски систем создава хиерархија меѓу затворениците, па, така, некои се помоќни за разлика од други.

„Дијарбакир“ – Турција


Затворот „Дијарбакир“ е лоциран во истоимениот град во Турција. Овој затвор важи за крајно нехуман. Една од неговите црни точки е тоа што во минатото казни одлежувале и деца. Во овој затвор насилници не се затворениците, туку стражарите. Во 1996 година, се случил инцидент во кој чуварите и полицијата претепале неколкумина затвореници. Овој инцидент резултирал со смрт на десетмина затвореници, а 23 завршиле до повреди. Затворот е познат уште од турско, во него лежеле и Македонци.

„Ла Сабанета“ – Венецуела


Венецуела може да се пофали со затворот во кој има преголем број затвореници. „Ла Сабанета“ е дизајниран за 15 илјади затвореници, а во него понекогаш има и повеќе од 25 илјади. Нема доволен број вработени, па функционира со еден стражар на 150 затвореници. Познат е по насилните пресметки меѓу затворениците. Една оружена престрелка, која се случила во 1994 година, резултирала со смрт на 108 затвореници. Во 1995 година, 196 затвореници биле убиени, а 624 ранети поради затворското насилство.

„Тадмор“ – Сирија


Воениот затвор „Тадмор“ во Сирија е познат како еден од најрепресивните затвори во светот. Од „Амнести интернешнел“ за овој затвор истакнаа дека постои за да ги дехуманизира затворениците во него. Во јуни 1980 година се случило најголемото злосторство. Претседателот Хафез ал Асад преживеал атентат од страна на Муслиманското братство, па им наредил на стражарите да го убијат секој затвореник како одмазда за нападот. Затворот бил затворен во 2001 година, но повторно е отворен во 2011 година.

„Карандиру“ – Бразил


Епитетот најнасилен затвор во светот му припаѓа на затворот „Карандиру“, лоциран во Бразил, Јужна Америка. Во 1992 година, се случил масакр кога 102 затвореници биле застрелани. Еден од пет затвореници бил дијагностициран со ХИВ.

[email protected]