Уметничко дело што холандскиот уметник Винсент ван Гог го насликал во својата младост, е продадено за 7.065.000 евра на аукција во Париз.
Платното насловено „Жени крпат рибарски мрежи на дините”, беше проценето меѓу три и пет милиони евра. На него се претставени селанки кои работат под облачно небо и пејзаж од околината на холандскиот град Хаг, каде што Ван Гог кусо време и престојувал. Сликата е создадена во 1882 година, кога уметникот имал 28 години.
Купувачот е американски колекционер. Сумата платена за сликата, е светски рекорд за пејзаж од т.н. холандски период на творецот.
Претходно, сликата беше сопственост на колекционер од Европа, којшто ја беше дал под наем на на Музејот на Ван Гог во Амстердам.
Ова е прва продадена слика на Ван Гог во Франција во последниве 20 години, по „Градина во Овер”, која во 1990-те беше продадена за 10 милиони долари. соопшти аукциската куќа Арткјуријал.