И покрај тоа што е мажена за ѕвезда на реално шоу, која не може да издржи да помине покрај новинари без да каже нешто, или пак, да остави да помине ден без да објави нешто на Твитер, првата дама на Америка, Меланија Трамп, се противеше на стереотипот дека е издвојувана, одвоена, дури и „заробена“ во Белата куќа, како што сугерираше слоганот од социјалните мрежи „Ослободете ја Меланија“, пишува Си-ен-ен.
Таа исто така докажа дека знае како да го освои центарот на вниманието и како да го искористи молчењето во нејзина корист, како сопруга на еден од најконтроверзните претседатели во американската историја.
Детали за тоа што навистина се случува зад затворени врати се прикажани во книгата „Ослободете ја Меланија: Неавторизираната биогрфија“. Книгата го открива фактот дека Меланија Трамп има своја посебна спална соба во резиденцијата на Белата куќа, заедно со многу други анегдоти за неа, која остана мистериозна, чувајќи ја сопствената приватност во изминатите три години, уште од првиот ден на претседателството на нејзиниот сопруг.
Најспонтаните моменти на Меланија откриваат дел од нејзината лична и приватна страна.
Првата дама има нејзин сопствен простор во Белата куќа. Повеќе извори наведоа дека таа и сопругот не делат иста спална соба, а Меланија поголемиот дел од времето го минува во нејзиниот огромен личен простор кој се наоѓа на посебен кат.
Поради нејзиниот сопруг, Меланија Трамп е многу помоќна и повлијателна отколку што би помислиле. Таа исто така е прилично влијателна и во Источното крило. Нејзина беше одлуката да го отпушти шефот на персоналот на Белата куќа, кој беше ангажиран од Мишел Обама.
Односот меѓу Меланија и „првата ќерка“, Иванка Трамп, не е толку добар како што беше пред вселувањето во Белата куќа, тврдат пријатели и поранешни извори на Белата куќа.
Иако портпаролот на Белата куќа вели дека двете жени се во добри односи и меѓусебно се поддржуваат, зад затворени врати, обичајот на „првата ќерка“ да се меша во слични активности поврзани со оние на првата дама, предизвикува вистинска драма, наведуваат изворите.