Четврти пат во историјата Вуелта ќе почне во странство, во Холандија, потоа ќе се вози низ Франција и низ Португалија (првпат по 1997 година), а целта ќе биде во Мадрид. Традиционално исцрпувачката Вуелта в година ќе има 11 ридско-планински етапи, осум рамничарски…
Организаторите на третата грантур-велосипедска трка во годината, на шпанската Вуелта, ја претставија трасата долга 3.245 км за 2020 година. Четврти пат во историјата на Вуелта стартот ќе биде во странство, сега во Утрехт, Холандија, на 14 август. Потоа ќе се вози низ Франција и низ Португалија, првпат по 1997 година, со цел во главниот шпански град, Мадрид, на 6 септември.
На 75-та традиционално исцрпувачка Вуелта, која ќе трае три недели и на која ќе се возат 21 етапа, 11 ќе бидат ридско-планински, осум рамничарски и по една индивидуална и тимска, на хронометар. Словенецот Примож Роглич, поранешен ски-скокач, ќе ја брани титулата од 2019 годинава, а вицешампионот, Шпанецот Алехандро Валверде, најверојатно претходно ќе настапи на Тур де Франс и на Летните олимписки игри в година во Токио, пред да се повлече од спортот, на Вуелта.
Уште еден Словенец ќе биде во фокусот на вниманието. Тоа е 21-годишниот Тадеј Погачар, кој беше трет, победувајќи на три етапи, и ја освои „белата“ маичка намената за најдобриот млад велосипедист.
– Уште од почетокот трката ќе биде интензивна, ќе има повеќе кратки отколку подолги етапи. Сакаме да имаме планински етапи за време на викендите, а потоа и една голема планинска, еден ден пред пристигнувањето во Мадрид – изјави Хавиер Гијен, директорот на Вуелта.