Сите владини згради во Баварија да стават крст на главните влезови
Сите владини згради во јужната германска провинција Баварија од денеска се должни да го постават христијанскиот симбол – крст, на влезните зони.
– На научните и културните згради како универзитети и музеи и театри се препорачува да стават крст на влезовите – изјави портапрол на баварското Министерство за наука.
– Таа наредба важи за сите згради што се под управа на Министерството со исклучок на колеџите, театрите и музите, за кои тоа е само препорака – изјави таа. Сепак, не одговори дали ќе има казни за оние институции кои нема да ја почитуваат наредбата.
Законот е воведен од новиот премиер на провинцијата Маркус Зодер и беше предмет на политички спорови.