Царините што САД најавија дека ќе ги воведат за увоз на алуминиум и челик од денеска стапуваат на сила за Европската Унија, Канада и Мексико, според најавите.
Претседателот Доналд Трамп претходно им даде привремена дозвола да ги избегнат царините на ЕУ, Канада и Мексико, но оваа дозвола истекува и нема да биде обновена. Во иднина, извозот на челик од овие три страни кон САД ќе се царини со 25 проценти, а извозот на алуминиум со 10 проценти.
Австралија, Аргентина и Бразил, пак, се согласиле да го ограничат количеството на метали што ги извезуваат во САД, поради што ќе можат и во иднина да извезуваат без да платат царини.