Младиот графички дизајнер Стефан Гаиќ го воодушеви регионот со фотографии на кои стави јавни личности од Србија како заштитни лица на модните куќи во светот. Така, Тито заштитно лице на „Хуго Бос“, а владиката Иринеј позира за „Д и Г“
Исклучителната смисла за хумор, како и оригиналноста, се она што го карактеризира овој млад човек, а едноставните графики на кои преку фотографиите на познати личности ставил натписи на модни брендови го воодушевија регионот.
Тој направи специјални приказни што ги раздели во согласност со професиите на јавните личности (музика и мода, актерство и мода, политика и мода).