Ограничениот простор во современото општество стана чест случај и тоа поради пренаселеноста, финансиите и поради многу други причини. Поради овие услови, секој квадратен метар во станот е добредојден, па затоа често се случува лоџите и балконите да се ремоделираат во просторот за живеење.
Речиси стана вообичаена ситуација ваквиот простор да се преуредуваа и истиот тој да се користи во текот на целата година за различни цели. Во вакви ситуации најпогодна е ПВЦ-столаријата, а најчест избор за затворање на балконите и лоџите се лизгачките врати, кои овозможуваат максимална искористеност на просторот и пред и во самиот балкон или лоџата зависно од ситуацијата.
Добриот и паметен дизајн на овој дел од станбениот простор е еден од важните елементи и доколку дневната соба е поврзана со балконот или со лоџата, мебелот и другите елементи треба да обезбедат уникатен момент. Важно е балконската врата да е целосно од стакло од подот до таванот, а одличен ефект дава и умерено количество зеленило (цвеќиња), што обезбедува посебна нота на овој дел од домот.
Како основна опрема на отворено-затворениот простор е градинарскиот мебел, зеленило, осветлување и други ситни детали. Цвеќињата можете да ги засадите во бетонски, дрвени или во пластични жардиниери од кои е важно да се одлева вишокот вода.
Градинарскиот мебел, пак, вклучува тросед, лежалка, столчиња, масичка, а материјалот може да биде различен зависно од стилот во целокупниот простор на живеење (дрво, бамбус, пластика, платно и сл.)
Недостигот од ваквите простори се ѕидовите и подовите. Ѕидовите се составен дел на фасадата на објектот, а подовите се изработени за да бидат отпорни на надворешни влијанија, па естетиката е ставена во втор план.