Обвинителката Вилма Русковска пристигна во судот каде се очекува да почне рочиштето за притвор за осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателката на невладината „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски.
Мандиќ сѐ уште не е донесена во судот. Таа е една од осомничените во новата истрага што денеска ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Покрај Мандиќ, осомничена е и Фросина Ременски, почесна претседателка на невладината на Боки 13 и функционерка од СДСМ за која Обвинителството бара да ѝ биде одземен пасошот или редовно да се појавува во судот.