Тетово беше домаќин на Државниот натпревар во франкофонска песна 2018 за ученици од основни и средни училишта во организација на Француска алијанса. Првото место во категоријата основни училишта го освои Симеон Гошев од ОУ Димитар Миладинов од Скопје. Втора е Јована Здравевска, од ОУ Даме Груев од Битола, додека третото место го делат: Александра Трајчевска од ОУ Кире Гаврилоски Јане од Прилеп, Нарта Саити од ОУ Лирија од Тетово и Бора Селмани од истото училиште.
Во категоријата средни училишта најдобра беше Дајана Филипоска од Гимназијата Свети Кирил и Методиј од Неготино. Второто место го освои Уна Николоска од Гимназијата Раде Јовчесвски Корчагин од Скопје, додека третото место го делат: Емилија Данилоска од Средното економско училиште од Гостивар и Ана Велјаноска од Гимназијата Свети Кирил и Методиј од Неготино.
-Во конкуренција од 74 ученици од основните и средните училишта од повеќе градови во земјава беа избрани неколкумина кои најдобро ги покажаа своите вокални и интерпреторски квалитети изведувајќи песни на француски јазик, соопштија од Француска алијанса организатори на манифестацијата.
Првонаградените како гости ќе биде присутни на националниот натпревар кој ќе се одржи во Ниш, Србија.