Американскиот претседател Доналд Трамп изрази желба да биде домаќин на следниот самит на Г7, а како локација го предложи одморалиштето за голф што го поседува во Мајами.
Трамп изјави во Бијариц дека неговото одморалиште во Флорида ќе биде „совршен избор“ поради неговата големина, а и затоа што е на пет минути возење од аеродромот во Мајами, пренесува „Ројтерс“.
Американскиот претседател рече дека не е донесена конечна одлука, но локацијата што ја понудил е најдобра.