Полицијата во Хонгконг употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти на источната страна на полуостровот Ковлун.
Тие маршираа низ улиците барајќи отстранување на паметните сијалици во квартот Ковлун, тврдејќи дека во нив се вградени камери и софтвер за препознавање на лице што го користат кинеските власти за надзор.
Властите во Хонгконг, пак, велат дека паметните сијалици собираат само податоци за сообраќај, временски услови и квалитет на воздухот.
Протестите во Хонгконг почнаа во јуни поради спротиставување на законот за екстрадиција, но потоа прераснаа во антивладини-.