Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска и утре ќе престојува во Виена, Австрија и во Будимпешта, Унгарија.
Како што соопштија од партијата, Мицкоски ќе има средба со унгарскиот премир, Виктор Орбан.
– На средбата, на која ќе присуствува и потпретседателот на партијата, Александар Николовски, се очекува да разговараат за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно делување во пресрет на престојниот Конгрес на Европската Народна Партија и изборот на новото раководство – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски во Виена ќе оствари средба од научен карактер, размена на искуства и информации поврзана со неговата професорска дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.