Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара пописот да се спроведе во 2021 година, додека премиерот Зоран Заев нагласи дека би можеле да се одржат избори во октомви в година, доколку опозицијата го сака тоа.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека пописот би бил успешен само доколку е целосно усогласен со стандардите на Европската Унија и со стандардите на Еуростат.
– за ВМРО-ДПМНЕ успешен попис ќе биде само попис кој што е целосно усогласен со стандардите на Европската Унија и со стандардите на Еуростат. Попис кој што би се одржувал по примерот на пописите кои што се одржуваат во сите членки на Европската Унија. Тој попис ќе биде усогласен и ефективен за Република Македонија и ќе даде податоци кои што ќе бидат од полза за планирањето на идниот развој на државата. Нашето барање ќе биде Република Македонија пописот да го спроведе во 2021 година, а дотогаш да има сриозно време и оперативно и за разговори, пописот да биде спремен на најдобро возможно ниво – се наведува во партиското сооштение.
Премиерот Заев, пак, денеска соопшти дека е договорена и втората средба за законот за јавно обвинителство, што го охрабрува дека и тој проблем ќе биде надминат.
На отварањето на новиот Ургентен центар во Куманово, Заев, ѝ порача на опозицијата дека е охрабрен од преговорите на работните групи, најавувајќи ја можноста за одржување на избори во октомври в година, доколку опозицијата тоа го сака.