Месечната продажба на „возила на новата енергија“, како што во Кина се нарекуваат електричните возила и хибридите, се удвои во април на 82.000, соопшти денеска Кинеската асоцијација на производители на автомобили.
Месечните податоци на оваа асоцијација покажуваат дека продажбата на патнички автомобили во април пораснала за 11 отсто, на 1,9 милиони, додека растот во март бил 3,5 отсто.
Вкупната продажба на возила, сметајќи ги и камионите и автобусите, во април пораснала за 11,5 отсто, на 2,3 милиони. Кинеската асоцијација на производители на автомобили вели дека тоа е најбрз раст во светот.
Продажбата на моторни возила во Кина во 2016 година нагло скокна заради намалениот данок.