Со грант средства во износ од 4.660.000 денари, ќе се изградат два нови кружни текови и уредување на крстосниците со улиците „Маршал Тито“ и „11-ти Септември“.
Овој зафат ќе биде дел од проектот за подобрување на општински услуги МСИП, со подршка од Светска банка во износ од 2.800.000 евра, за капитални проекти и подобрување на инфраструктурата во девет општини во земјава, во кои со еден проект влегува и општина Кичево. Од Светска банка најавуваат доплнителни приходи од 25 милиони евра за вториот проект за подобрување на општински услуги МСИП-2.
Инаку со изградбата на новите кружни текови, ќе се реши проблемот со сообраќајот на овие крстосници, на кои пред неколку години имаше и неколу тешки сообраќајки, бидејќи на овие улици интензитетот на сообраќајот редовно е голем.