Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира УХМР. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата ќе се движи од 18 до 36 степени.

Во наредниот период ќе се задржи топло време. Од сабота во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.