Скопската сообраќајна полиција синоќа спроведе контроли за откривање на возачи кои управуваат со автомобил под дејство на алкохол.
Притоа, на подрачјето на Скопје кај 32 возачи утврдено било присуство на алкохол во крвта, додека двајца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол.
Сите 34 возачи се исклучени од сообраќај и на сите времено им се одземени возачките дозволи и поднесени им се мандатни платни налози, информираат од МВР.
Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 31 мандатен платен налог и 15 прекршочни платни налози.