Од денеска градскиот зелен пазар во централното градско подрачје во Кавадарци со нов режм на работа.
Досега кавадарчани повеќе од 50 години можеа да пазаруваат само во пазарните денови среда, петок и недела, но од денеска ќе имаат на располагање шест пазарни денови во неделата, од вторник до недела.
Одлуката за новото работно време на градскиот зелен пазар кој е во надлежност на ЈП „Комуналец“ ја донесе Советот на Општина Кавадарци. Нов ценовник има и за закупувачите на тезгите на градскиот зелен пазар кој ќе биде со дневно работно време од 6 наутро до 16 часот попладне.
Со воведувањето на новиот режим за работа се очекува порационално искористување на градскиот пазар бидејќи кавадарчани свежите земјоделски производи традиционално ги купуваат на зелениот пазар, а истовремено ќе се избегне сообраќајниот метеж во централното градско подрачје кој беше карактеристичен за пазарните денови особено за празниците и во сезоната на зимници.
Кавадарчани ја поздравуваат одлуката за новиот работен режим на градскиот зелен пазар со чие стапубање во сила се зголемува можноста секојдневно да се снабдуваат со свежи земјоделски производи.
Ми.М.