Управата за хидрометеролошки работи за денес најавува слично време како вчера- претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град, а ќе дува и умерен ветер од североисточен правец.
Во следните денови според УХМР ќе следува период на стабилно и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер.