Изложбата „Грабење во просторот – ретроспективна изложба на Глигор Стефанов“ ќе биде отворена вечерва, во 21 часот, во Музејот на современата уметност.
Глигор Стефанов е роден во 1956 г. во Кавадарци. Дипломирал (1981 г.) и магистрирал (1985 г.) на Академијата за ликовни уметности во Белград, отсек вајарство. Од 1988 г. живее и работи во Лондон (Англија), а во 1995 г. се преселува во Виндзор (Канада).
Стефанов, според она што го прикажува, се потврдува како еден од најзначајните македонски уметници, чиј алтернативен однос кон скулптурата остави белези врз нашата ликовна сцена во последните четириесетина години.