Во училиштето „Братство Миѓени“ во Тетово, на 2 април се одржа манифестацијата „Светски ден за подигнување на свеста за аутизмот“. По тој повод во училиштето присуствуваа и гости од Албанија. Професорката Ањеза Дишница пред присутните говореше за аутизмот, а имаше и видеопроекција со пораки на учениците со аутизам од ова училиште. На крајот беше отворена ликовната изложба на детски творби, создадени на работилниците организирани во март.
– Во текот на минатиот месец одржавме повеќе ликовни работилници во кои учествуваа ученици од ова училиште опфатени со инклузија, кои твореа во различни техники, под раководство на наставниците по ликовно образование и еден дефектолог. Цртежите што ги сработивме беа дел од ликовната изложба на детски творби што беше отворена на Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот – истакна Лина Тренкоска, наставничка по ликовно воспитување во ова ОУ „Братство Миѓени“.