Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска учествуваше на Панел дискусијата „Споделено родителско отсуство–Зошто е важно, најдобри практики и искуства“ организирана од граѓанската организација Реактор. Тема на дебатата беа унапредување на правата на родителите, родовата еднаквост, раниот детски развој и креирање Закон за работни односи во којшто породилното отсуство што ќе го користи таткото нема да биде условено од користењето на породилното од мајката.
-Како Влада на која што секое дете и е важно, но и која работи на унапредување на родовата еднаквост сметаме дека воведувањето на споделеното родителско отсусво ќе значи многу за раниот развој на детето којшто е многу важен, но и за присуството на двајцата родители на пазарот на трудот, што во пракса најчесто тоа е таткото- рече министерката Царовска.
Сегашното законодавство предвидува до седум дена максимално отсуство за татковците. Иако отсуството за мајките е преносливо, тоа не може да се подели помеѓу родителите, што значи дека за да можат татковците да го земат отсуството, мајките мора целосно да се откажат од него.
Министерката Царовска најави дека во новото законско решение коешто е во фаза на подготовка ќе бидат земени во предвид најдобрите европски пракси и истиот ќе биде изготвен во претходна консултација со сите засегнати страни.
На панел дискусијата говореа и преставникот на УСАИД Едвард Гонзалез, Марија Башевска, претседателка на Реактор – Истражување во акцијa, Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, проф. д-р Орхидеја Шурбановска од Институтот за психологија, Ангел Гина, татко кој има искористено родителско отсуство во Република Северна Македонија.