Екипите на кумановската подружница на „Македонски Шуми“, утрово со две екипи на вработени се обидуваат да го локализираат пожарот што избувна вчера попладне во липковско, кај селата Руница, Думановце, Белановце и Брест. Во пожарот зафатени се стрништа и нискостеблеста шума.
-Теренот е тешко пристапен, се обидуваме да го локализираме пожарот. Известени се и надлежните служби, изјави директорот на кумановската подружница, Луан Бајрами. Вчера, интервенирала и екипа на противпожарната единица со цистерна.
Вчера гореше и сува трева во село Сув Ора. И таму гори нискостеблеста шума, а теренот е непристапен. Пожарот се уште е активен, информираа денеска од РЦУК Куманово.
Оттаму додаваат дека интервенирала екипа на кумановската противпожарна единица и на шумското стопанство.