Продолжувањето на штрајкот ќе има сериозни последици за Ер Франс, апелираа францускиот премиер Едуард Филип и компанијата Ер Франс до синдикатот на авиопревозникот.
Проценките се дека досега Ер Франс претрпе штети од 300 милиони евра, а на штрајкот сė уште не му се гледа крајот. Компанијата нуди зголемување на платите на пилотите и другиот персонал од седум проценти во следните четири години, но за синдикатот ова не е доволно.
Државата поседува 17 проценти од Ер Франс и премиерот Филип се закани со значителни „турбуленции“ доколку синдикатот не стави крај на штрајкот.