Македонскиот ракометен вицепрвак Металург вечерва забележа победа со 28:26 над Стеауа во 17. коло во регионалната СЕХА лига.
Романскиот шампион и поранеше европски првак, на 12 минути пред крајот имаше плус 5 (21:16), но следуваа минута на гостите за резултатски пресврт.
Избраниците на тренерот Данило Брестовац во својот 15 натпревар оваа сезона во СЕХА го забележаа третиот триумф.
Најефикасен во победничкиот тим беше Марио Танковски со девет гола од 12 обиди. На голот Даниел Дупјачанец запиша 13 одбрани.
Тимот од Автокоманда со 10 бода е на 8 место, Стеауа го одигра својот 17 натпревар по кој има 18 бода и е на 6 место.