Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, ја примија наградата „Евалд фон Клајст“, на вечерашната свеченост на Минхенската безбедносна конференција.
Признанието годинава им е доделено на премиерите за нивниот особен придонес за мирот и безбедноста во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса, откако беше постигнат Преспанскиот договор.
Заев на Твитер истакна дека наградата е голема чест за граѓаните на двете држави.
Доделување награда „Евалд Фон Клајст“ на Минхенската безбедносна конференција. Награда за придонес кон светскиот мир и безбедноста. Голема чест за граѓаните на #СевернаМакедонија и #Грција. ?? ?? #MSC2019 @tsipras_euhttps://t.co/8DEzt6Bl0X
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) February 16, 2019