Илјадници белгиски тинејџери денеска протестираа поради недоволна крижа за климата, на шестиот по ред неделен марш со намера да извршат притисок врз власта да направи нешто повеќе по тоа прашање.
Полицијата соопшти дека на денешниот протест во Брисел учествувале најмалку 11.000 луѓе, меѓу кои имало и студенти, баби и дедовци.
Собирите успешно се одржуваат и покрај училишните мерки кои имаат за цел да ги спречат учениците, кои продолжуваат да протестираат секој четврток.
Пред шест недели протестите започнаа со неколку илјади поддржувачи, а пред две недели имаше 35.000 лица.
Протестите се фокусираа на климатските промени и се дел од политичките притисоци пред одржување на националните и европските избори.