Остатоци од авионот, што исчезна над Ламанш со аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала на крајот од јануари, беа пронајдени во неделата наутро на дното на каналот.
Семејството на играчот, кој патуваше на Островот по неговото преминување од француски Нант, било информирано за откритието кое ставило крај на надежите за среќен исход од драмата.
Авионот на пилотот Дејвид Иботсон, исчезна од радарот на 21 јануари, за време на лет од Нант до Кардиф. Потрагата во првите денови не роди со плод, а семејствата на двајцата ги задржаа своите надежи, иако беа мали.
Информациите за остатоците ги соопшти лидерот на тимот Дејвид Марнс. Претстои нивно извлекување на површина од британската служба за истраги за несреќи. Семејствата на двајцата се известени од полицијата за откритието.