Фото: М.Т

Синоќа во скопски Аеродром сите патишта водеа кон СЦ „Јане Сандански“, каде во втората сала по големина, која собира 2.500 луѓе, вриеше како во кошница. Некогашните учесници на ноќниот жиот во Скопје, кои сега се движат кон седмата деценија, сакајќи да се потсетат на младоста масовно дојдоа на ретрозабавата што по четврти пат ја организираше неумрониот менаџер Милорад Цаиќ-Цајо, организатор на десетици слични настани во својата кариера.

Влезниците беа продадени неколку дена порано, поради големиот интерес.

Старот на забавата беше во 21, а траеше до раните утринки часови.

Фото: М.Т
Фото: М.Т

Зад микс пултот беа: диџеј Дела, Тута, Бабура јуниор, Ерик Фокс и Зоки Антена, кој долги години не пуштал музика.

И според очекувањата, дојдоа цели друштва, се сретнаа пријатели кои долго не се виделе, некогашни школски другари, соседи од старо маало и се разбира се играше и пееше на омилените хитови од осумдесетите и деведесетите години.

Најемотвниот момент на вечерта беше кога некаде околу 23 часот, организаторот Милорад Џаиќ-Цајо им се обрати на присутните, со зборови на благодарност дека дошле во толку голем број.

-Иако реков дека ова ќе биде моја последна забава што ја организирам, ветувам дека се додека можам, ќе ги правам овие забава за сите што се чувствуваат млади. Слоганот и на годинашната, како и на претходните ретрозабави што ги организирав е: „За генереациите кои пораснаа, но никогаш не стареат“, па затоа ајде сега сите да го испееме овој голем хит на групата „Алфавил“, „Forever young“ и да ги запалиме нашите мобилни телефони, созадвајќи ѕвездено небо“ – побара Цајо од публиката.

Фото: М.Т

И додека сите во салата пееја во еден глас дека сакаат да бидат „форевер јанг“ се содаде ѕвездено небо, а Цајо емотивно се збалагдоари на овој гест, но и на сите покровители на настанот, меѓу кои е и „Нова Македонија“, како медиумски покровител, чие лого постојано, заедно со оние на другите компании, се вртеше на екранот.

Иако освен прекрасната атмосфера и масовност, како и секоја забава и овој настан имаше и некои негативни страни, кои се надеваме нема да ги има на следното ретро што го вети Цајо, сепак она што се случи вчеравечер во СЦ „Јане Сандански“ беше доказ дека и скопјаните над 40 години се уште имаат желба и жар да се посетат на убавите денови од својата младост, иако вакви настани,за жал, ретко се случуваат во нашиот град.

Се надеваме дека ќе ги има почесто, благодарение на Цајо и на ентузијастите како него.