Фото: Архива

Јавно обвинителство вечерва соопшти дека полицијата, во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторител на убиството на 67-годишниот лекар чие тело беше пронајдено во населбата Железара.

-МВР работи на откривање  на сторител, во координација со јавен обвинител. Се очекува и наодот од обдукцијата – посочија од Обвинителството.

Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека лекарот со убодни рани е пронајден во сопственото возило „Киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара.