Фото: Принтскрин/Јутуб

Неофолк составот „Авелина“ го претстави новиот видеоспот за песната „Темна Гора“.

Бендот, кој почна како соло-проект на Сара Александровска, создава музика што ги поврзува традицијата и современиот живот, преку заедничката љубов на членовите кон традиционалните народни мотиви од македонскиот фолклор.