„Акреа“ е креативна приказна извезена со многу љубов од Анета Атанасовски, историчар на уметност, археолог, истражувач и вљубеник во македонското културно наследство, народната традиција и уметноста.
Инспирирана од убавината, вековноста, вештината на изработката, мистичноста, креира стилизирани дизајни од едни од најзначајните откритија во македонската археологија и од најкарактеристичните везови од народните носии. (Голема Божица Мајка, Менада, мотив од “Св. Богородица Перивлепта”, Шарена џамија, маска Џоломар, вез од Скопска Црна Гора, од Крушево, скутина од Вевчани, детал од икона од Дичо Зограф…)
Секој дизајн е уникатен и крие своја приказна.
„Акреа“ претставува креативен и современ израз на културното наследство и народната традиција, кој минатото го поврзува со современото.
Производите на „Акреа“ (торби, маици, постери, подметачи за чаши, беџови, рачно цртани чаши) претставуваат уникатни парчиња културно наследство и традиција кои сами по себе ја поттикнуваат промоцијата и запознавање со истите. Сите карактеристики на дизајните ги прават совршени, уникатни подароци и сувенири.
Повеќе за концептот на Акреа на:
https://www.facebook.com/
https://www.instagram.com/