Фото: Маја Јаневска-Илиева

Времето денеска ќе биде облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта и утре претпладне. На места се очекуваат пообилни врнежи, со над 30 литри на квадратен метар.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 4 до 13 степени, додека дневните ќе достигнат од 11 до 23 степени.

Во Скопје ќе преовладува облачно и постудено време. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината тие ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 9 степени, а максималната дневна ќе достигне 18 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).