Тамара Тодевска освои награда „Пејачка од Македонија“, на меѓународниот фестивал „Бест од Румели 2022“, кој вчеравечер се одржа во Истанбул, Турција.
Во обраќањето пред присутните Тамара се заблагодари до организаторот и истакна дека за Истанбул секогаш ја врзуваат убави спомени.
– Низ досегашната кариера имам добиено повеќе награди, признанија и секоја од нив ми е особено важна. Овие награди не се само обични предмети туку се доказ за квалитетот на работатата, за музиката која ја продуцираме, за фактот дека си препознаен и надвор од своите граници. Искрено, Ви благодарам за честа и за фактот што повторно ме направите горда – посочи Тодевска.

Тамара веќе го најави и своето учество на домашниот фестивал „Макфест“, а во претстојниот период планирано е и издавање на две нови песни.