Фото: Маја Јаневска-Илиева

Американската администрација се закани дека ќе го Tикток во САД, доколку кинеските сопственици на оваа социјална мрежа не го продадат својот удел во компанијата.

„Гардијан“ денеска пишува дека потегот го покажува стравот на американските власти дека податоците од американските корисници што ги поседува компанијата би можеле да бидат пренесени на кинеската Влада.

Потегот на администрацијата на Бајден, исто така, доаѓа во услови на глобална загриженост дека апликацијата може да се користи од Кинезите за шпионажа.

Велика Британија, Канада и Австралија неодамна ја забранија употребата на апликацијата во нивните парламенти.

САД веќе го забранија Tикток од федералните владини уреди, но ова е првпат администрацијата на Бајден да се закани со потенцијална забрана на социјалната мрежа низ целата земја.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да го забрани Tикток во САД во 2020 година, но беше блокиран од судовите.

Портпаролката на Tикток, Брук Оберветер, за британските медиуми изјави дека компанијата неодамна остварила контакт со Комитетот за странски инвестиции во САД (ЦФИУС), предводен од Министерството за финансии на САД.