Фото: Пиксабеј

СпејсХупер е истражувачки робот со три нозе, специјализиран за истражување области со нулта или многу мала гравитација. Роботот со три нозе наречен СпејсХупер може да помогне во справувањето со предизвиците при истражување средини со ниска гравитација, како што се оние на астероидите или на Месечината.
Програмата СпејсХупер за првпат беше лансирана пред две и пол години како студентски истражувачки проект во ETH-Цирих во Швајцарија. Научниците објавија дека го тестирале во симулирана средина со нулта гравитација за време на параболичен лет на Европската вселенска агенција.
Роботот се состои од триаголно тело со артикулирана нога на секој агол. Секоја од овие три нозе има зглоб на коленото и колкот, што му овозможува на роботот да се турка од површината, да клоца за да се движи низ просторот и да го контролира своето слетување во одредена област. СпејсХупер е специјално дизајниран да истражува релативно мали небесни тела како астероиди и месечини, каде што обично нема висока гравитација, пишува „Спејс“.