Фото: Пиксабеј

Во време кога универзумот имал едвај неколку милијарди години, постоела галаксија неверојатно слична на нашата, според меѓународниот тим истражувачи што ги анализирале сликите од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“.
Иако првичната анализа не откри многу повеќе од обликот на маглината, понатамошната истрага, користејќи го опсегот на бранова должина овозможен од „Хабл“, покажа дека овој древен систем е сложена спирална структура со прегради, исто како Млечниот Пат, само малку помал.
Иако различни фактори влијаат на обликот на галаксијата, долго време се веруваше дека за сложените форми на галаксиите е потребно време. Како општо правило се смета дека спиралните галаксии како Млечниот Пат не постоеле до пред околу осум милијарди години, пишува „Сајенс алерт“.
Сепак, научниците со анализа на добиените информации сугерираат дека оваа формација изгледала доста развиена само две милијарди години по Големата експлозија.