Фото: Пиксабеј

Безбедносната компанија „МекАфи“ неодамна објави студија за пораки што претставуваат измама. Извештајот ги предупредува корисниците на паметни телефони и наведува неколку опасни видови пораки што криминалците ги испраќаат преку СМС или Воцап за да хакираат уреди или за да украдат пари. Како што истакнува порталот „Гаџетс нау“, не смее да се клика на нив.
Во пораката за наградата изненадување може да се напише и што, наводно, е освоено. Сепак, има 99 проценти шанси добиената порака да биде лажна и наменета за кражба.
Лажни понуди за работа: Лажна порака или известување за понуда за работа исто така може да биде опасна. Важно е да се знае дека ниту една професионална компанија нема да комуницира преку Воцап или СМС.
Банкарски известувања со линкови: Банкарските предупредувачки пораки добиени преку СМС или Воцап што бараат од корисниците пристап до линк се лажни. Нивната цел е да украдат пари.

Информации за купување што не сте го направиле: Секое известување за купување што не сте го направиле е измама. Ваквите пораки се напишани за да ги намамат примателите да кликнат на некој линк, по што нивниот уред се хакира.
Ажурирања за вашата претплата на Нетфликс или слични услуги: Со порастот на популарноста на платформите како Нетфликс, измамниците се обидуваат да ги намамат корисниците на паметни телефони со испраќање пораки. Тоа може да бидат бесплатни понуди или итни пораки за истекување на претплатата.
Лажно известување за пропуштена испорака или проблем со испорака: СМС или воцап-известувања за пропуштена испорака или други проблеми со испораката се исто така опасни. Тие можат да се добијат дури и откако сте направиле купување.
Безбедносно предупредување на „Амазон“: Пораките за известување за секое ажурирање на вашата сметка се исто така замки. „Амазон“ или која било компанија за е-трговија никогаш нема да испраќа СМС или воцап-порака за вакви важни предупредувања.