Фото: Пиксабеј

Ниското ниво на железо може да доведе до сериозни здравствени последици, како срцева слабост. Затоа, многу е важно секој ден да го внесувате овој минерал во организмот, а во тоа можат да ви помогнат одредени видови овошје.

Замор, вртоглавица, забрзано чукање на срцето, депресија, опаѓање на косата и бледа кожа се само некои од знаците за недостиг од железо во организмот.

Ниското ниво на железо најчесто го доживуваат жените за време на менструалниот циклус и трудниците, но не е исклучено и други лица да имаат недостиг од овој минерал.

Д-р Мет Ангове од „Оптимајс ајон“ наведува дека овошјето генерално не е силен извор на железо, но дека има причини зошто треба да го додадеме во исхраната доколку имаме недостиг од железо.

Овошје со висока содржина на јаболкова киселина: Иако овошјето не се смета за значаен извор на железо, може да помогне кога се комбинира со друга храна богата со железо. Еден од видовите, секако, е овошјето со висока содржина на јаболкова киселина, а за тоа најмногу се сметаат јагодите, кајсиите и црешите. Доктор Ангове вели дека овој вид овошје значително го зголемува внесувањето железо во цревните клетки.

Сушено овошје: Сушеното овошје како суво грозје и сливи се добар извор на железо кога станува збор за овошјето. Тие имаат поголем процент и подобра вкупна биорасположливост на железо во споредба со свежото овошје.

Цитрусни овошја: Консумацијата на овошја со лимонска киселина исто така добро влијае на зголемување на железото во организмот бидејќи помага во апсорпцијата на овој минерал. Покрај тоа, агрумите се многу добри за имунолошкиот систем.