Фото: Пиксабеј

Мирисливите свеќи често се омилен украс во домовите низ светот. Но според најновото истражување објавено во американското списание „Аналс оф медисин енд срџери“, овие свеќи можат да имаат негативни ефекти врз здравјето.
Луѓето што страдаат од вртоглавица, главоболки, респираторни проблеми, насолзени очи, им тече носот или имаат затнат нос треба да избегнуваат мирисливи свеќи. Истражувачите предупредуваат дека мирисливите свеќи, особено оние направени со парафин или восок на база на нафта, содржат супстанции како толуен, кои можат да бидат потенцијално штетни за оние со веќе постојни здравствени состојби, наведува „Д Кат“.
– Продолжената изложеност на високи концентрации на толуен е поврзана со голем број здравствени опасности, вклучувајќи и ефекти врз нервниот систем, респираторниот систем и мозокот – се истакнува во студијата.
Како алтернатива, авторите на студијата препорачуваат природни мириси наместо синтетички, кои често се користат во конвенционалните свеќи. Свеќите од соја и пчелин восок се сметаат за подобри опции и придонесуваат за естетиката на домот без потенцијални негативни здравствени ефекти.