Нашата позната пејачка и кантавторка Наташа Крстевска – Мијата денеска на најубав начин ќе го прослави својот 42. роденден. Таа, во рамките на „Скопско лесто 2023“ ќе одржи солистички концерт во „Куршумли Ан“, на кој ќе го промовира издавањето на нeјзиниот втор албум насловен „VIDA“.

Мијата на сцената ќе ја придружуваат познатите македонски мзуичари:

Валентино Скендеровски (клавијатури), Кире Мирчовски (акустична/електрична гитара), Горан Гешовски (бас гитара), Ратко Даутовски (перкусии), Иво Митковски (тапани), а придружни вокали се: Мартина Нанеска, Елена Васова и Дино Хриџиќ.

Гости на концертот се:Теда, „Фолтин“, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Мартина Јаневска, Зоран Тортевски Бранко Илиевски…

Концертот почнува во 20 часот, а билети ќе можат да се купат на влезот по цена од 300 денари.