Новото истражување покажа дека консумирањето на кафето еспресо би можело да има значајно влијание врз спречувањето на појавата на Алцхајмерова болест.
Со години кафето е поврзано со здравствени ризици. Меѓутоа неодамнешните истражувања покажаа дека умереното консумирање кафе може да има корисни ефекти врз здравјето.
Истражувачите од Универзитетот во Верона откриле дека кафето еспресо ја спречува акумулацијата на тау-протеинот, кој е поврзан со Алцхајмеровата болест. Со други зборови, тоа ги прави акумулациите на споменатиот протеин помалку токсични за мозочните клетки.
– Овие резултати даваат увид во невропротективниот потенцијал на кафето еспресо. Овој пијалак, кој често се консумира, е извор на природни соединенија што покажуваат корисни својства – вели лекарката Маријапина Д’Онофрио.
На почетокот на минатата година беа објавени загрижувачките резултати од истражувањето спроведено во 195 земји. Всушност, се предвидува дека деменцијата ќе ги опустоши умовите на 153 милиони луѓе низ светот до 2050 година, што е околу трипати повеќе отколку во 2019 година. Ова е поврзано со трендовите на факторите на ризик, вклучувајќи дебелина, дијабетес, ниско образование и пушење.