Кириите во Амстердам се највисоки во Европа, а меѓу петте најскапи градови се холандските Ротердам и Хаг, покажа истражувањето на агенцијата „Хаусинг евер“ (Housing Ever), пренесува МИА.
Среднорочното изнајмување на агенцијата за недвижности „Хаусинг евер“ ги разгледа кириите за повеќе од 67.000 домови во 28 европски градови во првиот квартал од оваа година, а Амстердам се рангираше на прво место според цените, пред Рим и Париз, пишува „НЛ Тајмс“.
Амстердам е на прво место во сите три категории со просечна кирија од 2.276 евра месечно за стан, 1.740 евра за гарсоњера и 963 евра за соба.
Просечната кирија за стан во Ротердам е 1.795 евра, а во Хаг 1.790 евра.
Во Ротердам цените на киријата се зголемија за 15,8 отсто на годишно ниво, а во Хаг за дури 25,6 отсто.
На листата на десетте најскапи градови за изнајмување е уште еден холандски град Утрехт, кој го зазеде седмото место со просечна кирија од 1.746 евра.
Холандската асоцијација на станари Вонбонд соопшти дека е шокирана од резултатите од истражувањето.