Фото/Илустрација: Пиксабеј

Цената на златото на светските берзи денеска се зголеми на ново историски највисоко ниво од 2.365,39 долари за унца, што значи дека неговата цена од почетокот на годината порасна за 14 отсто, пренесува МИА.

Златото традиционално се смета за безбедно засолниште за капиталот во тешки времиња и како заштита од инфлација, пишува британски „Гардијан“.

Аналитичарите наведуваат дека цените на златото се зголемиле поради геополитичките тензии и војните во Украина и на Блискиот Исток, кои поттикнале некои трговци да инвестираат во златни шипки.