Фото: Анѓела Буцаловиќ

Организаторите на „Охрид фест“ на 30-тото издание на фестивалот, со големо задоволство го најавуваат учеството на легендарниот кантавтор Кики Лесендриќ. Иконата на рокенролот од екс-ју простори со голема радост ќе настапи на сцената на Долни Сарај, во Интернационалната вечер на 2 септември, со констатација дека му е голема чест да се појави на јубилејот на „Охрид-фест“.

– Не сме биле во Македонија навистина долго. Но, во еден период со „Пилоти“ свиревме многу, мислам, сигурен сум дека скоро и да нема место каде не настапувавме. Искрено се надевам дека најновиот албум повторно ќе не донесе во Македонија, и дека пак ќе свириме, и тоа ќе биде посебно задоволство – вели Лесендриќ.

Кики минатата година го издаде албумот „Мали трагови на небу“, но евергрините „Свет је леп када сањамо“, „Заборављени“, „Како си лепа“, „Као птица на мом длану“, „Баракуда“, кои исто така ќе ја потсетат македонската публика на времиња кога се уживаше во нежните балади и специфичната боја на гласот на Кики Лесендриќ.